Поранешниот претседател на Уставниот суд дециден

Помилувањето за осудените за 27 април од Иванов нема да има правно дејство, смета Ивановски

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април" од страна на претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано. Дел од адвокатите на неправосилно осудените за 27 април побараа аболиција од Иванов со образложение дека има шанса да го спроведе законот еднакво за сите, односно и оние кои не се во политиката да бидат помилувани како обвинетите кои претходно беа ослободени со Закон за амнестија. 

„Член 11 од Законот за помилување на кој некој сака да профитира и да создаде некои состојби ниту постои во правниот поредок, ниту, пак, можел да постои. Уставниот суд со своја одлука во 2016 година го поништил дополнувањето на Законот што се однесувало на зголемените права на претседателот на Републиката. Меѓутоа, некој сака тоа дополнување на Законот за помилување што е поништено да го врати во правниот поредок. Но, ниту Уставниот суд , ниту друг може да го врати тоа во правниот поредок, бидејќи не постои таква одредба“, вели Ивановски во изјава за МИА.

Според него, шефот на државата во овој момент нема законски основ тоа да го примени.

„Претседателот може да носи помилување, но само во согласност со Закон, а не неограничено како што беше порано предвидено со оваа одредба“, вели Ивановски.

Во контекст на тоа додава дека помилувањето не е можно и поради фактот што сега сме веќе пред избори на претседател на Републиката.

„Со други зборови некој кој ја вршел функцијата 10 години и кога му останале уште 10-ина дена од мандатот неморално и правно неиздржливо е сега да се фаќа со некакви аргументи за некакво алиби и да бара преку одлуки на Уставниот суд за да може да врши соодветно помилување, односно да изрекува мерки со кои ќе го спречи кривичното гонење на криминалот“, вели Ивановски.

Според тоа, како што истакнува, помилувањето од претседателот на Републиката во овој момент би било и противуставно и противзаконито.

Ивановски вели дека откако Уставниот суд во 2016 година ги укинал измените во Законот за помилување, за повторно да оживее претходно укинатиот член 11, требало Парламентот да предложи измени и дополнувања на Законот за помилување, а пратениците да ги изгласаат, а не, како што додава, сега да се толкува дека автоматски состојбата се вратила на старото решение.

„Во Законот не постои член 11 што му дава на претседателот можност да врши помилување во соодветната постапка. Таквата одредба е укината. Самото Собрание извршило дополнување тогаш, а не Уставен суд. И според тоа, ова не може да биде во примена, ниту може претседателот да го користи“, вели Ивановски.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе