Полицаец од ЕБР сведок во случајот „Титаник“

Во продолжение на судењето за случајот „Титаник" сведочеше припадник на ЕБР при МВР, кој истакна дека во 2011 бил на позицијата тим лидер и дека тие постапувале на ниво на цела држава, па и во Охрид. Врзано за изборите во овој град во 2011 година тој изјави дека не бил присутен таму. 

„Наредбите ги добивавме писмено. Со задача во Охрид во 2011 година се сум назначен. Претходно сум бил во единицата „Алфа“, (2004-05 година), не праќаа како помош од ЕБР“, изјави припадникот на ЕБР.

На претходните рочишта сведочеа и други припадници на МВР, кој во 2013 биле распределени во Охрид, во пресрет на локалните избори.

Претходно на денешното рочиште за случајот сведочеа поранешни новинари на А1 телевизија за аферета „Списоци" од 2011.

Сведокот Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 годин, рече дека некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и дека заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде одлучиле да се истражи новинарски аферата „Списоци".

„Почнавме да истражуваме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците“, изјави Чадиковски.

Тој воедно во својот исказ додаде дека тие материјали ги доставиле за процесирање во ЈО, но дека тој не бил повикан да даде исказ. На прашање на обвинетата Гордана Јанкуловска, дали во списоците бил некој од обвинетите, сведокот Чадиковски, рече дека не.

Сведокот Сашка Цветковска, во својот исказ се задржа во содржината и профилот на лицата кој биле дел од списоците.

„Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица“, изјави сведокот Цветковска.

Дел од списоците како што наведе таа биле и од лица од едукативните и здравствените институции.

Според обвинението за случајот „Титаник" како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица.

Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе