Обвинение за тренерот по џудо за сексуално вознемирување на малолетнички

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителство поднесе обвинителен акт против четириесет и шестгодишниот Р.П. од Прилеп, инаку тренер по џудо. Се гони за обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе