За злоупотреба на службената положба

Поднесено обвинение против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски доби обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување. Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Оштетена во овој случај е поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова. 

На 30.11.2018 година во својство на службено лице, претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

„Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, велат од ОЈО Скопје. 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе