Основно јавно обвинителство

Поднесено обвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт против едно 20-годишно лице од скопско Арачиново кој, заради продажба, во својот дом држел 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. 

Како што соопшти Обвинителството, кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и парични средства во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра.

„Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе