Обвинителен акт против инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка“

Градел објект кај „Мавровка", а немал одобрение за градба. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против Мевљудин Алити, инвеститорот која изградил објект на површина од 330 метри квадратни, без одобрение од надлежен орган. По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот Алити во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка", а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

Алити излезе во јавноста и тврдеше дека платил комуналии и имал одобрение за обнова на локалот кој што претходно изгоре во пожар.

Овој објект кај „Мавровка" се рушеше три дена со асистенција полицијата.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе