Докази на одбраната

Под притисок на странски фактор, Иванов не прогласи воена состојба, сведочеше Нинџа

На 27 април по случувањата и насилството во Собранието, според информациите што ги знаел обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, претседателот Ѓорге Иванов требало да прогласи воена состојба, но под притисок на странски фактор тоа не се случило.

Обвинетиот Нинџа рече дека оваа информација ја добил од Горан Грујевски, со кого вечерта на 27 април се сретнал на клупа во паркот Жена-борец во Скопје.

„Грујевски ми кажа дека има седум-осум лица во прикриени операции во Собрание и дека има информации од военото разузнавање дека ќе се прогласува воена состојба. Грујевски доби информација дека под притисок на странски фактор кај Иванов, воена состојба нема да има“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.

Според она што тој го раскажа во судот, Никола Бошкоски добил телефонски повик од внатре од Собранието и откако разговорот завршил, му рекол на Нинџа: „Ова не е на арно“.

Нинџа дообјасни дека со тоа Бошкоски мислел на тоа дека некој во Собранието им ја презел командата и дека полицијата почнала да постапува.

Нинџа рече дека по ова во паркот каде што се сретнал со Грујевски дошле и, како што рече, „другарите“. Бошкоски побарал двајца што не биле од Скопје и кои му требаат за одредена задача.

За задачата што ја побарал Бошкоски биле ангажирани Кољо и Ќосето, а на Нинџа, како што рече, не му било познато каде заминале. 

К.Д.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе