Обвинетиот Василевски прозборе за релациите во УБК

Под прекар Самурај, Нинџа работел за тајната полиција и следел лица по налог на Грујевски

Под прекар Самурај, Нинџа во 2015 бил ангажиран од началникот на Петтата управа, бегалецот Горан Грујевски, за да следи лица и да собира информации за таргети што овој му ги давал. Според исказот на Нинџа, целта на следењето и собирањето информации било да се зачува уставниот поредок.

Тој на денешното рочиште откри дека освен „Нинџа“, имал и друг прекар, „Самурај“, кој му бил псевдоним даден од Грујевски, кој му дал и легитимација со број 637, пиштол магнум и радиостаница со активни 16 канали, на која ја слушал комуникацијата на 8 СВР-а, меѓу кои и Скопје.

Нинџа откри дека комуникацијата на тајната полиција била на 3. канал со шифра 600. Обвинетиот му рече на својот адвокат да не му поставува прашања и да го остави да зборува и во моментов раскажува за соработката и за своите ангажмани во УБК.

К.Д.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе