За Плацевите на Водно

Почнува ново судење за Мијалков, Камчев, Груевски, Новачевски...

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денес е закажано судењето за случајот „Плацеви на Водно". Првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Орце Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот".

Неговиот кум Новачевски, бизнисмените Јосифовиќ, Камчев и Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Камчев и Мијалков ќе бидат спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде што се во притвор.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе