Побарани парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за непочитување на здравствените прописи во главниот град.

„Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле без да поседуваат дозвола за тоа. Еден од обвинетите, пак, не го почитувал издаденото решение за задолжителна самоизолација“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе