Мерката притвор му е укината, а ќе издржува затворска казна за „Рекет“

По само 3 дена во притвор, Кичеец излезе од Истражниот затвор во Шутка и е спроведен во затвор во Струга

По само три дена поминати во притвор во Истражниот затвор во Шутка, Зоран Милевски Кичеец денес го напушти притворот и е однесен во затворот во Струга. Информацијта дека Милевски е пуштен од притвор и спроведен во затвор за МКД.мк вечерва ја потврди директорот на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов. Тој вели дека попладнево до затворот стасало решение од Основниот суд во Гостивар со кое е одлучено Милевски веднаш да биде спроведен на издржување на казната затвор во Струга. Милевски влезе во Истражниот затвор во Шутка на 7 септември околу 21, 30 часот, а излезе по само три дена, односно денес, 10 септември околу 17,30 часот. 

Мерката притвор на Милевски му е прекината со одлука на Кривичниот совет при Основниот суд во Гостивар, а по поднесена жалба на одбраната. 

Кичеец, според она што пред неколку дена го соопшти Управата за извршување на санкции, на 9 септември, кога му истекува прекинот за издржување на затворската казна треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната.

Прекинот на издржување на 3 годишната затворска казна за „Рекет“ го добил поради проблеми со срцето. 

На него му беше определен притвор во траење од 30 дена поради сообраќајната несреќа која се случи близу Стража во која загина 34 годишен гостиварец.

На барање на Обвинителството, Основниот суд во Гостивар му одреди мерка притвор под сомнение дека ја предизвикал сообраќајката престигнувајќи возило на полна линија. Сега, три дена по оваа одлука, донесена е одлука дека треба да му биде укината мерката притвор, и тој треба да се спроведе во затвор во Струга да издржува казна затвор. 

„Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес" со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ" со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг" со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот" во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг". Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ" кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во автомобилот „Санг Јонг", четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со телесни повреди", соопштија пред неколку дена од ОЈО Гостивар.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, оштетените и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судот.

Кичеец е правосилно осуден за случајот „Рекет", но добил прекин на издржувањето на 3 годишната затворска казна поради проблеми со срцето. Одлуката да му биде одобрен прекин минатиот месец ја донела Управата за извршување на санкции, а за тоа јавноста дозна откако се случи сообраќајката во која едно лица загина, а седум беа повредени.

Со решение на Управата за извршување на санкции на осудениот во „Рекет", Зоран Милевски Кичеец му е одобрен прекин на издржување на казната затвор поради здравствена состојба. До Управата доставил специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

 К.Д.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе