Продолжува судењето за „Рекет“

По Орце, денеска и неговата сопруга Ана Камчева ќе сведочи на рочиштето за „Рекет“

Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во „Имерија", а клучен сведок во „Рекет", денеска треба да се појави на суд како сведок. По добиената покана, обврска на Камчева согласно законот ќе биде да застане на пултот за сведоци, да се соочи со обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, да даде заклетва и да се заколне во својата чест дека ќе ја зборува вистината и да каже се што знае, а е поврзано со овој предмет.

Денеска на судењето за случајот „Рекет", освен сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева како сведок на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е повикано да сведочи уште едно лице, а се работи за сметководителката во фирмите на Камчеви.

На минатото рочиште во судница се појави само Камчев. Пред неговото сведочење кое траеше со часови во Основниот кривичен суд во Скопје, тој на судот му соопшти дека Камчева е болна и поради покачена висока температура не е во можност да дојде на судењето.

Камчева денеска треба да донесе и лекарска документација за тоа дека навистина, иако примила уредна покана на минатото рочиште не можела да се појави во судот поради покачена температура.

Таа прво ќе треба да одговори на прашањата на обвинителката на гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, а потоа и на прашања на одбраната, па на Јовановски и Јанева, и на крајот на прашањата од судот.

Камчев појаснувајќи ја постапката за „Империја", која според него е измислена, ја спомена и својата сопруга Ана Камчева. За неа тој рече дека добил телефонски повик дека ѝ била договарана средба со Димишков, иако е, како што рече, сама мајка со две деца, со кола била однесена на тајна локација, во стан за кој, како што рече Камчев, од Димишков добила образложение дека е наменет за специјални клиенти. Образложението што го добила овде било дека за да му помогне на својот сопруг, треба да даде 2,4 или 6 милиони евра.

„Расплакана Ана си заминала од средбата и по ова следувала уште една средба со Боки 13. Тој ѝ кажал дека има влијание и може да помогне. Неговата моќ беше страшна, ѝ дал образложение дека може да се отворат уште најмалку 3-4 предмети со мене. Обвинителката во овој случај парите од мојата сопруга ги барала преку Бојан. 350.000 евра беа спакувани во кутија за кондури и ѝ беа предадени на госпожата", рече Камчев пред судот.

Според него, во оваа ситуација тој бил подреден бидејќи во очите на јавноста Јанева била Чарлиевиот ангел, а тој бил криминалец, а Јовановски бил многу моќен. Во овој дел од сведочењето од него беше побарано да појасни зошто кога понудил толку голема гаранција за да му биде укинат притворот, имало потреба некој да го уценува и да му бара дополнителна сума пари за определување поблага мерка. На ова Камчев беше дециден дека таа чиста гаранција од 14 милиони евра што тој ја дал била одбиена, за да може Јанева и Стефанова, како што рече, „да глодаат како хиени".

Брачниот пар Камчеви се сведоци во „Рекет“ на предлог на Русковска, а освен нив во судница за оваа постапка ќе има и други сведоци. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе