Случај „Рекет“

По лекарската интервенција, Боки 13 се врати во затворот во Шутка

Здравјето не е нарушено. По лекарската интервенција Бојан Јовановски со затворско комби е вратен во притвор во затворот во Шуто Оризари во Скопје, велат од болницата „8 Септември“.

Денеска во 12 часот Боки 13 како првоосомничен во случајот „Рекет“ требаше да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Неколку минути по пристигнувањето во зградатата на Јавното обвинителството, беше повикана брза помош со која Јовановски веднаш беше пренесен во болница. Тој денеска не успеа да даде исказ.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека тој повраќал во тоалетот и дека тоа е истото што му се случува последните 40-50 дена додека е во притвор.

Обвинителството за овој случај наскоро треба да поднесе и обвинение.

На 4 октомври Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јовановски за укинување на притворот и донесување решение за куќен притвор.

Третоосомничената во овој случај, Катица Јанева, е во притвор и нејзините бранители денеска изјавија дека таа нема да даде исказ, ќе го чека обвинението и дека сѐ што има да каже ќе каже во судот.

Второосомничениот Зоран Милески-Кичеец е пуштен во домашен притвор.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе