По изречените затворски казни

По Јанакиески, и Вељаноски, Ристовски и Атанасовски во куќен притвор

Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април". Ова одлука следеше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.

Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата и ги осудеи обвинетите на казни затвор од 6 до 6 и пол години. 

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци. На шест години и три месеци затвор е осуден и поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристовски.

За виновен е прогласен и Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК, и е осуден на шест години затвор.

Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата истакна дека државата не се брани со тепање пратеници, односно според него државата не се брани и не се гради со насилство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе