Случај „Рекет“

По 4 дена во болница Јанева се враќа во Шутка, Боки бара куќен притвор

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, по четири дена поминати во болницата „Жан Митрев“, утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, информираат нејзините бранители.

Пред четири дена Јанева беше примена во прединфарктна состојба во приватната клиника „Жан Митрев“. Здравствената состојба на Јанева значително се подобрила, велат нејзините бранители.

Одбраната на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, информираат дека е поднесена документација за влошената здравствена состојба со барање за укинување на притворот.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот „Рекет“, а истовремено отвори истрага и за работењето на Меѓународен сојуз, невладината организација на Јовановски. Во овој дел од истрагата за перење пари, измама и помагање осомничени се пет лица, меѓу кои Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и пратеничката на СДСМ Фросина Ременски.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе