На судењето за 27 април

По Бришковска и Василевски, уште колку ќе ми натоварите денес, се бранеше Вељаноски од прашањата на обвинетиот Нинџа

По обвинетиот Никола Митревски Кољо, прашања за поранешниот собраниски спикер имаше и обвинетиот Александар Василевски Нинџа. Откако обвинетиот Нинџа му посочи на Вељаноски дека долги години бил адвокат и политичар, го праша дали ќе се согласи со него дека на 27 април бидејчи бил претседавач требало да застане во одбрана на пратениците.

На ова Вељаноски појасни дека фактот што споменал дека бил долгогодишен адвокат го кажал за да им предочи на останантите дека разбира оти е под заклетва и дека тој како сведок мора да ја зборува вистината, но дека обвинетите можат да зборуваат што сакаат во своја одбрана и не се должни да ја кажуваат вистината. За останатото Вељаноски му одговори на обвинетиот Нинџа дека обезбедувањето се грижело на 27 април за него и за тоа каде тој требало да се движи. 

На ова обвинетиот Нинџа возврати: „ Тогаш штом обвинетите може да зборуваат што сакаат, ќе ве прашам нешто, односно дали на 27 април во 18 часот ја известувавте тогашната заменичка министерка за правда, Биљана Бришковска за состојбата?“.

Ова прашање по даден приговор од одбраната не беше дозволено. 

Следното прашање на кое Нинџа побара одговор од Вељаноски за тоа дали лично тој му дал насока на Сашо Василевски да ја отвори вратата. 

Вељаноски рече дека немало да каже дека е лага, туку ќе кажел дека не е вистина. 

Обвинетиот Нинџа го споменувајќи го авторитетот на Вељаноски му рече: „Како пратеник со вашиот авторитет, нели кога имало кошкање и инциденти требаше да застанете и да делувате да се смири состојбата?“

Сведокот Вељаноски одговори дека имало припадници на единицата „Тигри“ или како и да се викале и дека имало шок бомби и обезбедување и дека сакале да го евакуираат и него. 

„По Бришковска, и Василевски, и не знам уште колку ќе ми натоварите дека сум ги контактирал тој ден до крајот на судењето? И ве молам да престанете со лицитирање на имиња овде.  

К.Д.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе