По бегството на Груевски, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од утрово во притвор

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, од утрово се во притвор, потврдуваат за МКД.мк од МВР. По наредба од судот, утрово полицијата ги приведе и Јанакиески и Божиновски во затворот во Шутка.

Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, а Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното обвинителство.  

По бегството на Груевски, вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека во притвор треба да бидат ставени обвинетите од случаите на СЈО.

За денеска е закажано ново судско рочиште за случајот „Титаник“.

Вчера и официјално беше потврдено дека Никола Груевски, осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ и обвинет во уште неколку случаи на СЈО, избега во Унгарија.

Јанакиески вчера за ТВ 21 изјави дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски и дека нема намера да бега, дека ќе биде во Македонија и ќе дојде во суд на закажаното рочиште за „Титаник“.  „Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети", рече Јанакиески.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе