На барање на судијката

По 60 прегледи откако е во притвор, тим од лекари ќе испитуваат дали Боки 13 може да го следи „Рекет“

Тим од лекари ќе утврдува дали обвинетиот Бојан Јовановски е способен или не да го следи судскиот процес за случајот Рекет. Судот денес даде наредба тим од лекари да направат прегледи и да се добие јасна слика дали Јовановски може или не да учествува во судскиот процес. Обвинетиот денес не беше спроведен од притвор од Истражниот затвор во Шутка со образложение од лекар дека не може да следи судење поради неговата здравствена состојба.

Судијката Васка Николовска Масевска истакна дека денеска во 11.30 часот од затворот добиле известување во кое стои дека врз притворениот извршен е преглед, измерен е притисок од 120 со 70, нормална аритмија на срце. Се жали на болки во стомокот, со постојано гадење.

„На мислење сме дека не е способен да го следи судскиот процес", напишал докторот кој го прегледал Јовановски.

Судијката Васка Николовска-Масевска истакна дека ќе побара дополнителен преглед за Јовановски.

„За да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба, судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар", рече судијката.

Јовановски и неговиот адвокат до сега неколку пати укажуваа на тоа дека обој обвинет околу 60 пати откако е во притвор е носен на преглед.

На едно од последните рочишта Јовановски рече дека повеќе нема да оди на прегледи и дека не е експериментален глушец, а на последното рочиште рече дека има рак на желудникот.

Следното рочиште за Рекет е закажано за утре за кога судот треба да добие известување од Клиничкиот центар околу здравствената состојба.

На ова судење почнаа да се отвораат материјалните докази, снимките и пораките кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги има против обвинетиот Јовановски и обвинетата Катица Јанева.

Судот даде наредба тим од лекари од Клиничкиот центар да го прегледа дали е способен тој да биде детално прегледан и да добие јасна „слика" дали Јовановски е способен или не да го прати процесот – изјави судијката Васка Николовска-Масевска.

К.Д.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе