По 23 години Врховниот суд ќе донесе нов Деловник за работа

Врховните судии со поддршка на Амбасадата на Велика Британија одржаа работна средба за новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата. Во соопштението од Судот се вели дека се дискутирало три дена и дека биле разменети мислења за одредбите од Деловникот и нивно усогласување со новите законски решенија и реформски процеси.

Со овој  акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на Судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница, се нагласува во соопштението и се додава дека целта е да се обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Деловникот обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе