Министерството за правда треба да даде мислење

По 2 години поминати зад решетки во затворот во Идризово, Кочан бара помилување од Пендаровски

Бизнисменот Сеад Кочан бара помилување од државата, односно да излезе од затвор пред одлежување на целосната затворска казна од 4 години и осум месеци. Тој беше осуден за случајот „Труст". Од Министерството за правда во одговорот за МКД.мк велат дека барањето за помилување до нив е стасано, но немаат донесено мислење. За тоа кои се причините поради што Кочан бара да биде помилуван, од Министерството за правда не откриваат бидејќи податоците од поднесеното барање се доверливи.

Министерството за правда мислења за помилувања носи на редовна основа и тоа е вообичаена пракса за многу осудени лица кои бараат скратување на казната или помилување.

Конечната одлука за помилувањата ја носи Комисијата за помилување на претседателот на државава. Решението за помилување донесено од претседателот Пендаровски потоа се објавува во Службен весник.

На 1 август, 2019 години полициските „Алфи“ го спроведоа Кочан во затворот во Идризово. Кочан тогаш требаше да се јави во затворот Идризово на издржување на затворската казна на 17 јули, 2019 година, но поднесе барање за одлагање на казната поради здравствени проблеми, но судот тоа барање го одби.

Сеад Кочан, екс сопствеик на фирмата „Трансмет" до сега зад решетки има поминато речиси две години и два месеци. Кочан првично од Кривичниот суд доби шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина. Но, Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

 

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе