Апелацискиот суд ја уважи жалбата

По 15 месеци поминати во притвор, Боки 13 оди во куќен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет", со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор. Јовановски излегува од Истражниот затвор во Шутка после 15 месеци поминати во притвор. 

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б. Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19, во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор кон обвинетиот Б. Ј. и се определува мерка куќен притвор", соопшти Кривичниот суд.

Боки 13 пред неколку дена од болница беше спроведен пак во Истражниот затвор во Шутка, но поради неговата здравствена состојба повторно беше вратен во болница. 

Поради проблеми со желудникот и потребата од посебна нега и исхрана, Јовановски ќе биде во куќен притвор. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе