На барање на одбраната

„Плацеви на Водно“ се одложува, следното рочиште е закажано за еден месец

По барање на одбраната се одложува денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“. Главната расправа продолжува на веќе закажаниот термин на 19 август во 10:00 часот, информираат од Судот. 

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат
главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 познат како „Плацеви на
Водно", ја информираме јавноста дека заради барање на одбраната за
превод на доказите на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик,
на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена
должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ", денешното
судење за „Плацеви на Водно" се одлага“, се вели во соопштението на Судот. 

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе