Судењето продолжува на 10 септември

„Плацеви на Водно“ пак одложено, не дојде адвокатот на мајката на Камчев

Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ се одложи за 10 септември поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуство на јавна седница во друг предмет. Претходното рочиште кое требаше да се одржи на 30 август, беше одложено поради тестирање за ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова. 

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе