Основен суд Тетово

Петтемина приведени добија условни казни за насилните протести во Тетово на 17 септември

Условни казни затвор добија петтемина приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември и, како што информира еден од адвокатите во процесот, ќе бидат пуштени на слобода.

Во Основниот суд Тетово на обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември во Тетово на кој што се бараше одговорност за смртта на 14-те лица во  пожарот во модуларната болница на 8 септември.

„Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор“, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

На 17 септември во Тетово имаше протестен марш од плоштадот па сѐ до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе