Откако му беше одбиено барањето за одложување

Пет дена пред издржување на затворската казна Кочан се разболе

Бизнисменот Сеад Кочан кој требаше да почне со издржување на казна затворот во „Идризово", каде на 17 јули треба да се пријави за издржување на казната од 4 години и 8 месеци, е примен на лекување во болница.

Кочан за својата здравствена состојба денеска го известил и Кривичниот суд, но сѐ уште не поднел ново барање за одложување на издржувањето на казната.

Пресудите во случајот „Труст" беа објавени минатото лето. Кочан доби 6 години затвор, второобвинетиот Василие Авировиќ, 2 години, а пресудата за Сафет Ватиќ беше ослободителна. Апелацискиот суд потоа ги намали казните, па Кочан доби 4 години и 8 месеци затвор, а Авировиќ условна казна. 

Кочан побара одложување на издржување на затворската казна кое Основниот суд го одби. 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе