Докторот Треневски вратен на работа со посебен договор

Пензионираниот затворски психијатар ја лекува Јанева во притвор

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија, повторно е вратен назад на работа. Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка. Во овој затвор, меѓу останатите притворени лица, психијатарот Треневски ја следи и психичката состојба на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска тврди дека психичката состојба на Јанева е лоша. 

Детали околу тоа што точно се случува со психичката состојба на осомничената Јанева од затворот не откриваат, но директорот на затворот, Есад Рахиќ за МКД.мк кратко изјави дека нејзината состојба секојдневно се следи.

Затворот во Идризово и Истражниот затвор во Шутка некое време беа без психијатар, бидејќи Треневски кој што работеше со затворениците околу 20 години замина во пензија.

Но, Здравствениот дом во Скопје под чија надлежност е вработувањето на лекарски персонал во затворите, одлучил пак да го врати Треневски на работа додека не најдат психијатар за постојано вработување.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска вчера најави дека ќе бара укинување на мерката притвор на нејзината штитеничка поради влошена психичка состојба.
Барањето за укинување на мерката притвор и определување на поблага мерка адвокатката најави дека денес ќе го достави до судот, а како гаранција ќе го понуди имотот на поранешната шефица на СЈО. 

Јанева е во женскиот дел во Истражниот затвор во Шутка во посебен дел. Ќелијата ја дели со уште една притвореничка. Осомничена е во случајот „Рекет“, а од вчера освен што и престана мандатот во СЈО, повеќе не е ни обвинител во Основнотот јавно обвинителство во Гевгелија. 

Тимот обвинители кои таа ги одбра да работат во СЈО од вчера со одлука на Советот на јавни обвинители за вратени во матичните обвинителства.  

К.Д.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе