По распишаната потерница

Панчевски сам се пријавил и веќе е во Шутка

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски веќе е во притвор во Шутка.

Според неофицијалните информации од МВР, Панчевски денеска околу 12.30 часот сам се пријавил, откако вчера беше распишана национална потерница по него.

Полицијата во неколку наврати не успеа да го пронајде на наведената адреса.

Панчевски од денска напладне се наоѓа во Истражниот затвор во Шутка, потврди директорот на затворот Есад Рахиќ.

„Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение“, вели Рахиќ. 

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, заради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС.

На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе