Основен суд Велес

Панчевски пак на суд, се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС

Во Основниот суд во Велес денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети, пренесува Сител ТВ. 

Тој појасни дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предмети ако во моментот немало дежурен судија.

Сведокот потврди дека Панчевски барал дополнително усовршување на системот бидејќи недостасувале критериуми за распределба на одредени предмети.

Сведокот појасни дека и со одлука на претседателот на судот може предмет да биде прераспределен ако е итен, бидејќи како што рече сведокот Митев, може некој судија да е отсутен или преоптоварен со работа.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот бидејќи според обвинението со негова наредба се распределувале предмети во периодот од 2013 до 2016 година.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе