Кривичен суд

Пак одлагање, ново судење за „Талир“ на 5 ноември

Судењето за предметот „Талир", кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ се одложува за 5 ноември. Судот посочи дека на следното рочиште ќе се почне со образложување на предложените листи со докази.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Судот на почетокот ги отфрли како неосновани наводите на одбраната за неовластен тужител во постапката и реши да се продолжи со образложување на листата на предложени докази.

Одбраната тогаш побара од Судот одложување на денешното рочиште за да може соодветно да се подготви за образложување на листата на предложените докази.

Обвинителката Ристовска пред почетокот до Судот достави решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со кое таа се овластува да биде овластен тужител во постапката.

Адвокатот Дончо Наков реагираше на таквото овластување и посочи дека според него тоа е нелегитимно.

„Одбраната е подготвена и исто сака да почне ова судење, но не со неовластен тужител кој е дојден на таков начин“, изјави Наков.

Дополнително одбраната реагираше и на неможноста „бомбите“ да бидат дел од оваа постапка и побара да се прекине постапката.

Обвинителката Ристевска ги отфрли како неосновани наводите на одбраната и посочи дека согласно овластувањето од ЈО јасно е дека се работи за предмет преземен од СЈО и согласно закон.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе