За „27 април“

„Овде е хаос“, рече Чавков, одејќи кон тоалет по сведочењето на Нинџа

На кратката пауза за во тоалет што судијката Добрила Кацарска им ја даде на обвинетите во „27 април“ по двочасовното сведочење на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Митко Чавков, кој сам се симнуваше по скалите во Кривичниот суд, викна: „Горе е хаос“, мислејќи на исказот на Нинџа.

Оваа реченица претходно во судница во својот исказ ја кажа обвинетиот Нинџа во делот кога раскажуваше како од кај Градска болница во Скопје тој и Веле Петрушевски викан Бик ја надгледувале состојбата и му се јавиле на обвинетиот Никола Митревски-Кољо, кој веќе бил во Собранието.

„Овде е хаос, луѓе тепаат пратеници“, им рекол Кољо во телефонскиот повик.

За хаосот во Собранието Нинџа во својот исказ спомена и во делот кога зборуваше за комуникацијата Никола Бошкоски и Владимир Атанасовски. Бочкоски го известил Атанасовски дека во Собранието е хаос и како што посочи Нинџа во својот исказ, тогашниот директор на УБК цинично му одговорил: „Комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“.

К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе