Оваа реченица претходно во судница во својот исказ ја кажа обвинетиот Нинџа во делот кога раскажуваше како од кај Градска болница во Скопје тој и Веле Петрушевски викан Бик ја надгледувале состојбата и му се јавиле на обвинетиот Никола Митревски-Кољо, кој веќе бил во Собранието.
„Овде е хаос, луѓе тепаат пратеници“, им рекол Кољо во телефонскиот повик.
За хаосот во Собранието Нинџа во својот исказ спомена и во делот кога зборуваше за комуникацијата Никола Бошкоски и Владимир Атанасовски. Бочкоски го известил Атанасовски дека во Собранието е хаос и како што посочи Нинџа во својот исказ, тогашниот директор на УБК цинично му одговорил: „Комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“.
К.Д.