Седница во Апелацискиот суд во Скопје

Осудените за убиството на Саздовски бараат да им се суди за насилство, а не за убиство на свиреп начин

Бесир Беља и Скендер Демири, неправосилно осудените за убиството на Никола Саздовски, денес пред Апелацискиот суд во Скопје побараа да се укине првостепената пресуда и предметот да се врати во повторна постапка. Но, во таа постапка пред првостепениот суд, нивните барања во жалбите се дека требало да им се суди за насилство, а не за убиство на свиреп начин. 

Нивната одбрана смета дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се случило.

Адвокатот Насер Рауфи  рече дека немале умисла и дека се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело ,,насилство".

Според Рауфи текот на настанот се сменил откако имало протести и мешање на еден парламентарец. После овие случувања , вели адвокатот предметот се смени за 360 степени. 

Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се осудени на затвор од по 19 години за убиство на свиреп начин. 

Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда.

Првично младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите.

Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.

Апелацискиот суд треба да донесе одлука по поднесените жалби во најкус можен рок. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе