Потребна е интервенција во процесните закони

Основниот кривичен суд нема техничка опрема за онлајн судења, рече Џолев

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев и претседателот на Здружение на судиите, Џемали Саити сметаат дека за да се овозможи онлајн судење потребно е прво да се интервенира во процесните закони, но дека идеја за ваков начин на судење е одлична бидејќи соодветствува на моменталната ситуација со пандемијата.

Прво треба интервенција во процесните закони и да се создадат и услови за онлајн судење. Мислам дека во вакви услови и во една контрадикторна постапка која што се води кај нас особено во кривичните предмети е многу тешко да се обезбеди преку онлајн судење, веродостојност на постапката, особено имајќи ги во предвид основните начела и на Законот за кривична постапка и на Законот за парнична постапка, рече претседателот на Здружението на судии Саити по денешната промоција на Протоколот за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 во Основниот граѓански суд Скопје и во Основниот кривичен суд Скопје.

Првиот човек на Основниот кривичен суд Скопје рече дека и до сега судот ги спроведувал мерките, се врши постојано дезинфекција на судниците и се мери температура при влез во судската зграда.

„Точно е дека процесните закони не дозволуваат онлајн судење, така што веројатно треба да се изврши некоја интервенција во законодавна смисла. Инаку, како идеја е одлична и соодветствува на овие времиња. Треба да се размисли во кој правец би можеле да се организираат, сигурно не за сите судења. Знаеме дека има еден куп одредби во Законот за кривична постапка кои го уредуваат прашањето за обезбедување присуство на обвинетите во една судска постапка, вклучително и мерката притвор“, рече Џолев одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, добро е да се размисли и да се измени нешто за да се овозможи онлајн судење, но не за сите судења можеби за прекршочни судења.

Одговарајќи на новинарско шрашање, Џолев рече дека Кривичниот суд не располага со доволна техничка опрема, но дека две до три онлајн судења днево би можеле да се организираат. 

„Нема доволен број камери, прожектори, лаптопи. Не можеме да организираме онлајн судења без техничка опрема“, појасни Џолев. 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе