Основниот кривичен суд од понеделник ќе постапува по сите предмети

Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 1 јуни годинава ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд.

„Согласно Одлуката на ССРСМ од 28 мај 2020 година, за измена и дополнување на Одлуката бр.02-606/1 од 17 март 2020 и Одлуката бр.02-606/2 од 7-ми месецов, почнувајќи од 1 јуни годинава Основниот кривичен суд ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд“, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

При постапувањето по предметите, велат оттаму, ќе бидат запазени сите мерки за заштита и превенција од ковид-19 вирусот, согласно препораките на Министерство за здравство и Светската здравствена организација

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе