Како сведок во судот

Османи потврди дека се сретнал со семејството на заштитениот сведок во „Монструм“

На судењето за Монструм денес сведочи Бујар Османи. Тој пред судот рече дека бил во посета на обвинет од овој предмет, а како причина за тоа го наведе писмото испратено од семејството на Хаки Азири, кое побарало од него да каже каде им е синот.

„Ме погоди тоа, родителите на Хаки пратиле писмо јас да кажам каде им е синот. Бев прозван лично и побарав да ги најдат родителите за да им кажам дека она што го зборувам на интервју е став на претседателството на партијата. Ги најдов и отидов кај нив. Им објаснив дека сум бил погрешно интерпретиран“, рече Османи пред судот.

Тој појасни дека тоа му бил единствениот контакт со семејството на обвинетиот Хаки Азири.

Овој обвинет прво имаше статус на заштитен сведок во Монструм, а потоа стана осомничен и на крајот заврши на обвинителна клупа заедно со другите обвинети за петкратното убиство.

К.Д.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе