Основен кривичен суд Скопје

Оштетените во несреќата кај Ласкарци најавија имотно – правно побарување

Со произнесување на оштетените денеска во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци. Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното рочиште правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и сите најавија имотно – правно побарување на отштета.

За следната расправа на 18 октомври судот најави дека ќе бидат повикани и преостанатите оштетени во постапката, а кои не се изјасниле пред судот, додека за расправата на 31 октомври ќе бидат повикани и останатите оштетени, а кои ќе бидат сослушани и како сведоци за настанот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс" Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари вработен во фирмата, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

Сопственикот на „Дурмо турс", одговорниот за транспорт во формата и возачот се теретат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело.

МИА

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе