По речиси една година во ќелија

Орце Камчев вечерва излезе од притвор од Истражниот затвор во Шутка

Јордан Камчев доцна попладнево го напуштил Истражниот затвор во Шутка каде што беше во притвор речиси една година како осомничен во случајот „Плацеви на Водно", каде првоосомничен е избеганиот експремиер Никола Груевски и Сашо Мијалков, кој деновиве исто така е пуштен од притвор.

Апелацискиот суд во Скопје вчера ја прифати понудената гаранцијата од речиси 11 милиони евра со што му овозможи на Орце Камчев да се брани од слобода.

Новогодишните празници Камчев ги помина во неговата болница Систина каде беше хоспитализиран со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил во добра здравствена состојба. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе