По демонстрациите од 5 јули

Определен притвор за седум од осум демонстратни за кои е отворена истрага

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за 8 лица кои учествувале во настаните пред Собранието на Македонија на 5 јули 2022 година, одлучи да им се изрече притвор на седум лица. Осумте лица вчера биле спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд.

„По произнесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои на 7 од осомничените им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратеан постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото. Против овие, неправосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Обвинителството два дена по овие настани соопшти дека „осомничените, за време на јавен собир на граѓани, учествувале во толпа и заеднички дејствувале така што започнале да ја влечат заштитната метална ограда поставена од МВР. Oткако ја оттргнале оградата, со тврди предмети – камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци, пиротехнички средства и молотови коктели започнале да фрлаат кон зградата на Собранието“.

Од осумтемина осомничени, шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, еден е на возраст од 30 и еден на возраст од 36 години. За настанот се пријавени и три малолетни лица, за кои постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.

Во соопштението се додава дека на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а на 27 полицајци распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието и чување на јавниот ред и мир, им нанеле телесни повреди.

„Со дејствијата осомничените ја оштетиле фасадата на Собранието, искршиле прозорци, го искршиле објектот за обезбедување поставен од МВР, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило“, пишуваше во соопштението на обвинителството.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе