Судењето ќе продолжи во октомври

Операција на обвинет го одложи судењето за несреќата кај Ласкарци

Денешното судење за катастрофалната несреќа во Ласкарци во која загинаа 16 лица се одложи поради отсуство на еден од обвинетите. Причина за неговото отсуство, според судот е операција. Следното рочиште е закажано за во октомври.

На обвинетите им се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а обвинителството ги гони сопственикот на „Дурмо турс", Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс", Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.

На минатото рочиште воведен говор даде обвинителот Дарко Јакимовски. Тој пред судот рече дека шефот на возниот парк во „Дурмо турс", Ремзи Мифтари, имал само основно образование, немал ниту еден ден стручна обука или курс или каква било компетенција, а раководел и управувал со работењето на превозникот.

„За возачите да избегнат казна, во тахографот биле вградени, т.е. скриени посебни електрични инсталации, кои оневозможувале реално отчитување на тахографските ленти. Во секое време возачите со активирање на прекинувачот ја манипулирале брзината што се отчитува", рече обвинителот во воведниот говор.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе