Јовановски повторно во Обвинителството

Околу 40 бизнисмени и функционери добија кривични пријави од Боки 13

Бојан Јовановски денеска повторно беше спроведен од Истражниот затвор "Скопје" до Обвинителството, каде што поднесува кривични пријави. Јовановски преку соопштение рачно напишано на осум страници ја информира јавноста дека пријавите во Обвинителство се однесуваат на носителите на јавни функции, членови на нивни семејства и бизнисмени. 

Според него тие треба да одговараат за злоупотреба на службена должност, измама и давање лажен исказ, а станува збор за околу четириесетина граѓани.

Во писмото, Јовановски вели дека поднел кривични пријави против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени за кои, пишува дека треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама и давање лажен исказ.

Бранителот на Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, изјави дека очекува Обвинителството откако ќе биде завршено документирањето на случаите да отвори предмети по поднесените кривични пријави.

Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот, вели Јовановски во писмото.

Јовановски беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет". 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе