ОЈО за организиран криминал доби донација од Амбасадата на САД во Скопје

Претставници на Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот донираа преносни компјутери на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од Јавно обвинителство. Од таму уште додаваат дека донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со ковид-19.

Обвинителката Вилма Русковска срдечно заблагодарувајќи сè за донацијата истакна дека потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони.

Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата, изјавила Рускоска.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе