ОЈО: За Јакимовски и за уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за поранешниот градоначалник Стефче Јакимовски и за уште две лица вработени во општината. Обвинителството, како што соопштуваат од таму ги гони за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата се гони за кривичното дело Бесправно градење. Обвинителката Вилма Рускоска претходно за МКД.мк потврди дека ќе бара притвор за Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување. 

Во изминатиот период обвинителството донесе четири Наредби за спроведување на истражна постапка во кои се опфатени повеќе лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на една скопска општина. Во август 2018 година, обвинителството донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување " од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување " од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. На почетокот од овој месец истрагата е проширена поради постоење на основано сомневање дека поранешниот градоначалник и уште две лица сториле по едно кривично дело Бесправно градење. За истото кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои во 2015 година, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во име и за сметка на општината спровеле јавна набавка за „Обнова на цветен расад на жардињери" (пролетно и есенско садење – 2015), што било во надлежност на Град Скопје, притоа постапувајќи спротивно на член 48 од Законот за јавни набавки. Во овој случај му овозможиле на правното лице имотна корист на име на јавна набавка во износ од 7.209.600,00 денари без ДДВ на штета на Буџетот на општината", се вели во соопштението на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Од таму додаваат дека во текот на 2016 година искористувајќи ги своите службени овластувања, осомничениот донел Одлука за јавна набавка за изградба на Плоштад Пецо Божиновски Кочо на локација каде според ГУП на Град Скопје 2012-2020 е предвидена примарна сообраќајница и притоа постапувајќи спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и условите од Тендерската документација, му овозможиле на избраното правно лице- изведувач да се стекне со имотна корист од 20.970.000,00 денари без пресметан ДДВ на штета на Буџетот на општината.

„Беше донесена Наредба за за спроведување на истражна постапка против девет лица кои периодот од 2011-2017 година ја злоупотребиле својата службана положба и овластување со преземање на дејствија што не смееле да ги преземат и со пречекорување на границите на своите службени овластувања постапиле спротивно на „Законот за постапување со бесправно изградени објекти", при што на времени објекти им дозволиле вклопување во урбанистичко планската документација и нивно впишување во јавните книги за недвижности како легални објекти. Воедно овозможиле на правни и физички лица со „Постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ со непосредна спогодба на сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности", незаконски да се стекнат со право на сопственост на објекти и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектот. На тој начин, било отуѓено градежно земјиште под објект во сопственост на РМ со површина од 1533 м2, како и градежно земјиште под и околу објект со површина од 722 м2. Во 2016 година овие земјишта како градежно неизградено земјиште имале вредност од најмалку 27.594.000,00 денари, односно 12.996.000,00 денари", додаваат во соопштението на ОЈО за гонење на организиран криминал.

Со оглед на тоа дека се работи за исти кривични дела и период кога биле сторени, а заради спроведување на единствена постапка, предметите се споени во еден предмет.

Заради непречено водење на постапката, против шест лица за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе