ОЈО води истрага за Ден Дончев, ама не знае дали е во Македонија

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека има истрага за Ден Дончев, ама појма нема дали е во Македонија. Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека се води истрага за лицето Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравствено осигурување примал пари за консултантски услуги кои не ги пријавувал како дополнителен приход.

ВМРО-ДПМНЕ бара итна разрешница на случајот на Дончев.

„Дончев лани во период од само 6 месеци примил 3.120.006 денари, односно над 50.000 евра од страна на австралиската „Мегантик“, кои се исплатени од страна на фирма со исто име од струмичко Муртино, чие седиште верувале или не е во деловниот центар „Глобал“. Парите кои Дончев ги примил за време додека бил директор на ФЗОМ, се земени во спротивност на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Дончев де факто и де јуре го прекршил законот“, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ден Дончев пред десетина дена поднесе оставка, а функцијата, што ја извршуваше од август 2017 година, ја напушти поради приватни семејни причини.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе