Поканата на својот фејсбук-профил ја објави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека предистрагата или истрагата се води за примање мито за издавање безбедносен сертификат на лица за работа во Брисел. Славески, исто така преку фејсбук, се заканува со тужба за клевета против Ковачки.
Драган Ковачки се повикува на анонимни извори дека против директорот на ДБКИ имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање мито за издавање на безбедносни сертификати.
Неофицијално, од обвинителството на 5 јули веќе биле во посета на ДБКИ и ги побарале документите за упатувањата во Брисел. Се работи за поднесена кривична пријава од поединец за сомневања за наместен конкурс.
А.Д.