ОЈО се жали на одлуката за заменатата на притворот со гаранција за двајца обвинети во предметот „Ласкарци“

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.

„Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе