ОЈО: Нема претреси, туку проверка и прибирање на документација за паралелен увоз на лекови

Основното јавно обвинителство – Скопје врши проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот за паралелен увоз на лекови и не станува збор за претреси, велат од Обвинителството.

Во изјава за МИА, оттаму кажале дека предметот за паралелен увоз на лекови бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на МВР се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани. Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот“, велат од Обвинителството.

Полициски инспектори од Одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево по наредба на Обвинителството влегле во веледрогеријата „Пановски“.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе