ОЈО ја отфрли кривичната пријава на ДКСК против Панчевски

Основното јавно обвинителство Скопје денеска ја отфрли иницијативата за кривично гонење на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Пријавата беше поднесена против три лица за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи делото застарело лани во мај ", соопштија од ОЈО.

Од ДКСК велат дека ќе излезат со став околу отфрлањето на кривичната пријава.
„Службите сега ги проверуваат датумите, сметаме дека сме во право, но ќе чекаме официјално да ни достават одговор, па потоа и ќе излеземе со став", велат од ДКСК.
Кривичната пријава се однесува на објавен оглас за вработување на 30 судски службеници во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, меѓу кои и внукот на Панчевски.
„Jавниот обвинител по приемот на иницијативата за кривично гонење на тогашниот претседател на судот, претседателот на Комисијата за избор и прием на кандидати на огласот и на судскиот администратор, оцени дека постојат околности што го исклучуваат кривичното гонење – застареност". Постапката за вработување целосно е завршена во мај 2015 година.
За ова дело законодавецот предвидел казна затвор од 6 месеци до 3 години, но осомничениот кривично може да се гони само пред да истечат 3 години од извршување на делото.
Според законот за Злоупотреба на службена положба и овластување може да се изрече затворска казна над една година.
„Застареноста на кривичното гонење во предметот настапила најдоцна во мај 2018 година, додека иницијативата за кривично гонење од страна на Државната комисија за спречување корупција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје во јуни 2019 година", пишува во соопштението од ОЈО.
Од ДКСК пред поднесување на пријавата појаснија дека внукот на Панчевски, Јордан Тасевски, бил вработен на позицијата помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен на огласот за вработување објавен од судот.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе