ОЈО: 38-годишен скопјанец обвинет за извршени две разбојништва во аптеки

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 38-годишен скопјанец за извршени две разбојништва со нож во аптеки на 10 и 16 септември годинава во Скопје.

Обвинетиот, како што инфирмираат од ОЈО, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.

„На 14 септември, пак, на истиот начин, одзел 16.150 денари од аптека на булеварот ‘Св. Климент Охридски‘. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Обвинетиот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал“, пишува во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото кое му се става на товар.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе