Скопски кривичен суд

Одреден триесетдневен притвор за Јахи Јахија

Скопскиот кривичен суд вечерва му одреди триесетдневен притвор на државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија, кого Обвинителството го сомничи дека наместил тендер вреден над еден милион евра. Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.

За државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија обвинителството и МВР се сомневаат дека тој заедно со колега земале пари и овозможиле предност за фирма која го добила тендерот за да спроведе ИПА проект вреден над еден милион евра, за координација на обуките во јавната администрација.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе