Кривичен суд

Одобрен обвинителниот акт „Плацеви на Водно“, судење на 16 јули

Судењето во случајот „Плацеви на Водно", ќе почне на 16 јули. Според известувањето на Кривичниот суд Скопје, обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно" е одобрен во целост. 

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно" e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите.

Првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Бизнисменот Орце Камчев е во притвор во истражниот затвор во Шутка, откако месецов му беше продолжен за нови 30 дена за предметот „Плацеви на Водно". Притвор беше определен и за поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од земјава.

Обвинението го товари Грувски дека присвоил на 1,3 милиони евра од партиски донации, за подоцна преку перење на пари и прикривање на сопственост, противправно да купува земјиште на Водно, Мијалков дека му помогал во кривичното дело, а останатите обвинети за кривично дело - перење пари.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе